Свечено се отворени Европските игри во Баку-Азербејџан. Еве го моментот кога продефилира нашата екипа на чело со знаменосецот Емил Павлов.
-Чувството беше неопишливо. Тоа, човек атреба само да го доживее за да го искаже со зборови. Кога гледаш кои врвни спортисти го носат знамето на својата земја, тоа те прави горд и те мотивира да го покажеш најдоброто од себе на натпреварот што те очекува, – ни изјави видно возбудениот Емил Павлов веднаш по завршувањето на свечената цремонија на отворањето.
Свеченоста се одржа пред 68.195 гледачи со учество на 2.000 актери, меѓу нив беше и познатата поп пејачка Лејди Гага, која ја изведе песната на Џон Ленон „Имејџин“.
Отворањето траеше два часа, при што беше отсликана историјата и културата на Азербејџан, а сето тоа го осмисли грчкиот сценарист Димитрис Папајоану, кој ја направи сценографијата во текот на Олимписките игри во Атина 2004 година.
По традиција први на централното плато излегоа спортистите од Грција, родоначалниците на Олимписките игри, а последни претставниците на домаќинот на Игрите.