Сопругата на Миочиќ откри што сака да јаде Стипе пред секоја борба: Се мора да биде исто (ВИДЕО)

Една недела пред боречкиот спектакл во кој Стипе Миочиќ (20-3) го брани шампионскиот појас на УФЦ против Камерунецот Френсис Нгану (15-3), најсилната ММА организација објави видео кое го прикажува секојдневниот живот на главните sвезди на претстојниот настан. Покрај тренингот, шампионот во тешка категорија ја направи и последната смена на противпожарната станица, и покажа кои се неговите должности, без оглед што е најсилен на светот, нема отстапки.

„Обично избирам смена неколку дена пред поаѓањето. Сега е петок, ноќна смена, а во понеделник одам на пат“, вели Стипе додека ги миеше садовите, а кога заврши, пееше и ја измете просторијата.

Потоа го одведе тимот на УФЦ во обиколка на противпожарната станица Валеј Вју.

Камерите ѕиркаа и во куќата на Миочиќ, во која се собра семејството, а сопругата на Стипе, Рајан Мари и нејзината мајка објаснуваа што има на менито. Имено, тие се држат до традициите

„Во пресрет на секоја борба, јадеме салата, ќофтиња во сос и леб со лук“, открива Рајан Мари, а нејзината мајка додава дека има и свинско месо.

Тој не сака да менува некои навики.

„Стипе секогаш сака да го јаде тоа и постојано бара неговата мајка или јас да му го подготвиме. Тој ја сака рутината и сè мора да биде исто, секој пат“, истакнува Рајан Мари.

И предизвикувачот Френсис Нгану беше следен од камери за време на тренингот, а некои материјали беа снимени во неговата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON