УФЦ го објави постерот за настанот кој ќе го одбележи годишниов Меѓународен фајт вик. Се разбира, тоа е УФЦ 226 кој го предводи дуелот на двајцата шампиони – Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер.
Кралот на тешка категорија, Миочиќ, ќе го брани своето злато против шампионот во полутешка на 7 јули во Т-Мобиле арена во Лас Вегас. Бидејќи станува збор за историска пресметка на двајцата прваци, официјалниот постер е објавен со златна боја, а со големи букви е нагласено дека ова е вистинска „суперборба“.
На нивниот постер свое место најдоа и актерите од втората голема борба, Макс Холовеј, кој ќе го брани појасот во перолесна категорија против непоразениот талент Брајан Ортега.
Сјајната листа на УФЦ 226 ги носи настапите на имиња како Френсис Нгану, Дерик Луис, ГоханСаки, Уријах Хол, Ентони Петис и Рафаел Асунсао.