Судот одлучи: Хорхе Масвидал не смее да му приближи на Колби Ковингтон

Американскиот ММА борец Хорхе Масвидал минатиот месец го нападна во ресторан во Мајами колегата и поранешен пријател Колби Ковингтон.

Гејмбред се обиде да се премсета со Колби, па во гужвата му го изби забот и му го оштети часовникот.

Ковингтон доби неколку удари во главата.

Полицијата го уапси Хорхе, кој подоцна беше ослободен со кауција од 15.000 долари.

Додека го чека судењето, на Масвидал му е забрането да се приближува до Колби Ковингтон и не смее да се приближува до неговиот дом.

Нему му е забранет секаков контакт со Колби и ќе заврши во притвор доколку го прекрши.

Следното судско рочиште е закажано за 12 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON