Да се биде судија за боречи вештини е тешка и одговорна задача. Бразилецот Клебер Лопез ги немаше потребните вештини и со тоа борецот беше изложен на непотребен ризик.
Инцидентот се случил за време на Тандр фајт, кога едниот натпреварувач го нокаутирал другиот со удар во главата.
Лопез дава јасен сигнал дека мечот треба да продолжи.
Откако му дозволи на победникот да опсипе со десетина непотребни удари противникот, судијата дури го подигна несреќниот човек и ги натера двајцата борци да ја продолжат пресметката во стоечка позиција.
Повредениот ММА борец беше во видливо несоодветна состојба.
„Им се извинуваме на спортистите, нивните тимови, навивачите и Тандр фајт за неспособноста на судијата“, стои во официјалното соопштение од локалната федерација.
https://twitter.com/Barrelelapierna/status/1328356601460350976?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1328356601460350976%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fnakazaxa-sdiya-sled-mnogo-zaksnyalo-spirane-na-bitka-video%2F
На Лопез му е одземена леиценцата. Помина специјализирани курсеви, но немаше доволно пракса.