Македонската репрезентација во традиционална таеквондо (ИТФ) денес немаш среќа на Светското првенство во Астана–Казахстан, односно судиите не им дозволија да освојат медали.
Елена Јанеска (-70 кг, јуниори) во борби во осминафиналето извојува победа против натпреварувачка од Казахстан, но во четвртиналето е оштетена во борбата со руската репрезентативка. Инаку, ова и е прво учество и е подготвена за СП.
Давид Крстески и Христијана Паруелска во форми имаа по две победи, а според информациите од нашиот табор, во 1/4 финале се оштетени од судиите.
Утре во борби настапуваат Христијана Парулеска и Давид Крстески, ако нема судиски неправди во нашиот табор се надеваат на медал.
На СП учествуваат 1000 натореварувчи од 83 држави.