Тенденциозното судење и ја одезеде можноста на Димитар Ѓоргиев да се бори за четвртиот златен медал светските првенства во кик бокс на Светскиот сениорски шампионат во Анталија,Турција, во дисциплината кик лајт. Климент Гроздановски прикажа одлична борба, но искуството на двократниот светски шмапион пресуден за конечниот исход. Ѓоргиев и Грозановски ги освоија бронзените медали на СП во Турција.
Во полуфиналните борби Димитар загуби од Един Вуцељ од Босна и Херцеговина со 1-2, а Климент од Пјотор Випчал од Полска 0-3.
„Димитар доминираше во сите три рунди и покрај блефирањето на босанскиот репрезентативец. Неколку пати успеа да ги наведе судиите да му дадат „ворнинг“ на Ѓоргиев. Во третат рунда и покрај големата разлика во поени во корист на Димитар, судиите му доделија минус поен, со што му ги земаа поените и противникот прејде во водство. До крај немаше доволно време Ѓоргиев освои поени и да ја сврти борбата во негова корист. Судиите тенденциозно направија Диме на крајот да ја загуби борбата“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.
Климент Гроздановски се бореше со актуелниот двократен светски шампион од Полска.
„На Климент противникот беше една глава повисок, и е актуелен двократен светски шампион. Во првата рунда добро се дрзеше нашиот репрезентативец и губеше со минимална разлика. Во втората рунда се созема и помина во блага предност и на крајот замина со предност. Во третата рунда искусниот Полјак направи пресинг и успеа да врати дел од поените, но и судиите придонесоа со минус поени на наша штета. Сепак, Полјакот беше подобар и заслужено оди во финале“, истакна Митровски.
Резултати
-84 кг
Димитар Ѓоргиев – Емануел Смолек (Унгарија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Един Вуцељ (БиХ) 1-2
-89 кгКлимент Гроздановски – Али Багирзада (Азербејџан) 3-0
Климент Гроздановски – Ањело Јаноне(Италија) 2-1Климент Гроздановски – Пјотор Випчал (Полска) 0-3
Ipon.mk