Борците во средна категорија на УФЦ, Шон Стрикленд и Пауло Коста се чини се договорале за борба.
Двајцата врвни борци се нафрлија еден на друг на Твитер.
Ufc chief businessman said you’re not willing to fight. Ask him yourself what it means.
— Paulo Costa ( Borrachinha ) (@BorrachinhaMMA) March 6, 2023
Коста изјави дека менаџерот на Стрикленд одбил понуда за борба, а Американецот рекол дека е подготвен да се бори со Коста за без пари на паркинг.
Шон Стрикленд и Пауло Коста се рангирани во првите десет во средна категорија на УФЦ. Стрикленд, роден во Америка, беше главен дел од организацијата уште од неговата прва борба во 2014 година. Неодамна забележа победа над Насурдин Имавов, во јануари оваа година. Тој, меѓу другите, има победи и над Џек Хермансон, Јураја Хол и Кшиштоф Јотко.
Бразилецот Пауло Коста имаше проблеми со договорот со УФЦ и требаше минатиот месец да се соочи со Роберт Витакер, но борбата пропадна. Неодамна, влезе во борба против поранешниот шампион во средна категорија Лук Рокхолд, во август 2022 година. Коста беше кандидат за титулата против Израел Адесања, но загуби.