Страшо Глигоров со низа прозивки и обвинувања по инцидентот на Изборното првенство, прозваните велат дека неговите тврдења се без аргументи и нелогични

Претседателот на ПКБ Безбедност и директор на репрезентацијата во борење д-р Страшо Глигоров се огласи во врска со инцидентот што се случи на 26 февруари на Изборното првенство во У-23 во слата на СУ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.

Тој во дописот вели:

„По кој знае, кој пат, повторно е манифестиран голем инцидент, односно насилство и недостојно однесување, како и хулиганство на натпревар во борење. Овој пат, на Изборното првенство за сениор/ки во борење У23 (26.01.2019) одржано во Спортската сала –СУ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Најпрво сакам да му изразам почит и благодарност на мојот драг и голем пријател Имер Кадриовски, претседател на Боречкиот клуб Лирија од Скопје, кој на одредени моменти, на ФБ, презентираше висок степен на одговорност за оваа насилство и побара најостри казни и соодветна одговорност. Меѓутоа, во исто време почитуваниот Кадриовски, неоправдано ја дистанцира од одговорност Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), со образложение: „БК Лирија како технички организатор сноси одговорност за овој случај“.

Дали овој став е исправен!? Апсолутно НЕ, поради следните нетолерантни слабости и недоследности:

1.Според дописот на ФБСМ арх. Број: 05/03 од 21.01.2019 година, организатор на Изборното првенство за сениор/ки во борење У23 е Федерацијата на боречки спортови на Македонија, додека технички организатор Боречкиот клуб Лирија од Скопје.

2.Во изминатиот период, во рамките на натпреварите (поединечен и екипен систем), во организација на ФБСМ, бројни пати беа манифестирани големи инциденти и насилство со манифестации на хулиганства. ФБСМ, не направи ништо во насока, соодветно да реагира и донесе оптимални правни решенија; направи соодветни анализи и извештаи со предлог мерки за подобрување на работењето на ФБСМ од извршените анализи; да ги следи и евидентира, како и отстранува недостаците во организационен и управувачки аспект; организира едукативни програми и изготвува превентивни материјали; ги запознава членките со правните регулативи кои ја третираат оваа материја; донесе соодветни прописи согласно најдобрите практики, како и донесе етички кодекси. Впрочем, тоа е една клучните задачи и обврски на ФБСМ, согласно Статутот, Законот за спорт, Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари (Сл.весник на РМ бр. 114 од 31.07.2014 година), како и други домашни и меѓународни прописи и документи. Ништо од тоа не е реализирано!?

3.Согласно статутот на ФБСМ, иако должна да донесе Натпреварувачки правилник во борење за 2019 година, со кој ќе се уреди и пропише системот на натпревари, условите и организацијата на натпреварите во борење. Таа своја, задолжитела обврска, Федерацијата ја нема извршено, не само за 2019 година, туку и за изминатиот период.

4.Календарот на натпревари за 2019 година, е донесен спротивно на прописите кои го регулираат оваа прашање.

5.Делегатот на натпреварот и комесарот на натпревар, ги нема извршено своите задачи и надлежности. Покрај, тоа, делегатот на натпревари, сеуште нема дадено извештај од натпреварот (рокот за доставување не е почитуван), што е нетолерантно и јасен сигнал дека за Бетим Вренези, не важат прописи, ниту има одговорност и воедно етика!?

6.Клубовите не се запознаени, кој е Претседател на натпреварувачката комисија и воедно кој ја врши улогата на Комесар за одредување на делегати на официјални национални натпревари во рамките на Федерацијата.

7.Во дописот на ФБСМ арх. број. 05/03 од 21.01.2019 година, во долниот дел, пишува Стручно-тренерска комисија. Натпреварите не се во надлежност на оваа комисија. Покрај тоа, не е наведено одговорното лице.

8.Натпреварувачката комисија и Комесарот на натпревари, немат доставено Извештај за работата на 2018 и 2019 година, што е спротивно на прописите во ФБСМ.

9.ФБСМ, никогаш ги нема разработено меѓународните документи и правните регулативи во областа на насилството во спортот, како и документите и прописите на Обединетото светско борење (UWW), по однос на оваа прашање. Тоа е недозволиво.

10Федерацијата за боречки спортови на Македонија, ги нема доставено правните акти, во разумен рок, а некои и воопшто не се доставени. Покрај тоа, Федерацијата нема функционална Беб страна, од каде што можат да се црпат информациите, што е спротивно на Статут и Закон.

11.Секретаријатот на ФБСМ и канцеларијата на ФБСМ, голем временски период не беше функционална и немаше соодветен проток на информации.

12.Федерацијата на ФБСМ, без да ги информира клубовите, на меморандумот на своите дописи, ПОВЕЌЕ ПАТИ дава различни адреси, а на некои документи воопшто (намерно) не ја става адресата на Федерацијата што е спротивно на Закон и воедно ја оневозможува соодветната потребна комуникација и проток на податоци.

13.Федерацијата, на 15 декември, 2018 година, без да го почитува Правилникот за делегати на натпревари во борење во Федерацијата за боречки спортови на Македонија, додели сертификати.

Во согласност со констатираното, неопходно е да се напомене, дека во истражувањето на овој проблем, констатирани се повеќе теориски модели на појавата на насилствата на спортските терени (модел на подкултурата, модел на психологија на групи, модел на императивна победа…), кои преставуваат основа за истражување и на нашите манифестирани облици на насилство. Поголем број на автори, се согласуваат дека е потребно да се истражуваат меѓусебните врски, меѓу одредени подкултурни групи (публика, клуб, спортисти…) и општествените предуслови кои водат до класна, национална, религиска или расна нетрпеливост, како можни причини за насилствата во нашиот регион, во кој спаѓа и нашата земја или попрецизно нашиот спорт.

Дали од сето кажано, било што е реализирано од страна на раководството на ФБСМ? Апсолутно ништо!?

Раководството на Федерацијата, не само што своите должности и задачи не ги има завршено, туку со своето неработење, манипулации и бројни недоследности и глупости, работеше силно против интересот на општото добро, против интересот на развојот на позитивните вредности на спортот, против вредностите на личности, а со тоа и против интересот на Боречкиот клуб Лирија и неговите членови, симпатизери и пријатели и на крај против Федерацијата.

Токму од тие причини, убаво е да се спомне мудроста: Образованието е скапо, но незнаењето уште поскапо.

Покрај тоа, не треба никогаш да се заборават бројните кардинални недостатоци и грешки, кои беа направени за периодот 2008-август 2015 година. Дадена е повторна шанса, Вренези, на најлош начин ја злоупотреби.

Почитуван, пријателе Кадриовски, како да не знаете дека мојот почитуван драг пријател, г-нот Ајруш Синани, е член на Надзорната комисија. Врз основа на Статутот на Федерацијата, тој бил должен да ги утврди и следи сите процеси и да даде соодветни предлог мерки. Зошто не го направил тоа!?

Зошто, целокупниот организационен, правен, управувачки и надзорен систем на ФБСМ е скршен, уништен и нефункционален!?, затоа што на Бетим Вренези, врвен приоритет му беше да дели маици и да прави раздор…тоа е срамно за претседател на национална Федерација.

Врз основа, на презентираните факти, состојби и анализи, слободно и без и тактизирање, голем човеку Кадриовски, покажете сила, енергија, мудрост, знаење и карактер, токму вие да го посочите Бетим Вренези, како клучен и најголем виновник за манифестираниот тежок облик на насилство и недостојно однесување во ваша организација и ваше домаќинство.

Лично знаете, дека имам воспоставено одлично пријателство и колегијалност со бројни членови на Лирија, си помагаме, развиваме и растеме. Се чуствувам апсолутно безбедно, среќно, а воедно фамилијата на БК Лирија е и моја фамилија. Верувајте ми“.

 Претседателот на ФБСМ Бетим Вренези вели дека целиот случај е евидентиран и даден напостапување на Дисциплинската комисија, затоа не  сака да коментира ништо додека Комисијата не си ја заврши работата.

Имер Кадријовски, претседател на БК Лирија:

„На мене и Страшо ми драг колега и пријател, ама мислам дека е нелогично неговото залагање против ФБСМ, кога нема факти и аргументи… Србите велат „кој има едно око мегју ќоравите супер е… Бетим и Дејан направија многу за македонското борење, а за тоа постојат многу факти и многу аргументи, постојат дела“.

Хајруш Синани, член на Надзорниот одбор на ФБСМ:

„Прво, фала на Страшо Глигоров, ми кажа дека сум член на Надзорна комисија и моите права. И порано сум бил член на Надзорни комисии. Ни сега ниту тогаш не пратиле никаков материјал за одлуките и записниците, што е должност на секретарот да испрати до сите членови на Надзорната комисија (Надзорниот одбор), туку само на крај на годината не викаат да потпишуваме за завршните сметки. Пред неколку години одбив да потпишам, и од тогаш не сум бил член на Надзорна комисија.

За инцидентот се изјаснив на Фејсбук. Затоа што сите пишуват, јас одговорив дека секогаш кога БК Лирија била текнички организатор никогаш немало ни најмал инцидент, што кај другите клубови и градови не било така.

За инцидентот постојат снимки и Дициплинската комисија треба да донесе соодветни казни. Јас би рекол најригорозни казни, дури и БК Лирија содветно да се казни.

Има делегат и комесар на судии, па тие сигурно ќе поднесат извештаи за целиот случај. Ако е потребно и тие нека сносат одговорност.

Од прочитаното што го напишал Страшо Глигоров, ми се чини дека негова цел е само Бетим Вренези за да го сменат. Ако е до тоа, нека преземе иницијатива и нека свика Собрание па таму да си ги решиме сите проблеми, под услов да се сложат сите клубови“.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON