Поранешниот боксер Михаил Старцев и двојната светска шампионка во кикбокс Лилија Ворогушина беа главни актери во трагедијата во која животот го загуби татко на три деца, пишува Раша тудеј. Инцидентот се случил во рускиот град Барнаул, во близина на Новосибирска на паркинг пред ноќен клуб.
Инцидентот се случил пред многубројни сведоци, а виновен за се е алкохолот. Старцев и Ворогушина влегле во дуел со човек кој како што се гледа на снимката има некаков вид на стап, и никој од гледачите не сакаше да се вмеша освен Павел Поклов кон на крајот тоа го плати со својот ќивот.
Ворогушина го удрила хендикепираниот човек, додека Поклов го раздвојувал Старцев, одеднаш се свртел и ја удрил кикбоксерката. Тогаш Старцев жестоко го удрил од зад грб несреќниот Поклов кој паднал на асфалтот како покосен и со главата удрил во бетонот и починал на лице место.
https://www.instagram.com/p/CDNY5yWn4jx/?utm_source=ig_embed