Стошиќ за следната борба се подготвува во Денвер со Алистер Овереем

По вториот последователен пораз, Дарко Стошиќ (13-3, 1-2 УФЦ) го напушти тимот на Кро Кaп и за четвртата борба во најсилната ММА промоција се подготвува во САД.

27-годишниот српски полутешкаш на 25 јануари следната година во Рале, Северна Каролина, се бори против непоразениот дебитант Џамахал Хил (3-0), а новиот дом го пронајде во Денвер во Елевјшн фајт тим.

Главен тренер на оваа спортска сала во Колорадо е Елиот Маршал, а нејзини најпознати членови се Алистер Оверем и Картис Блејдс. Во Елевејшн е и сонародникот на Стошиќ, Бојан Величковиќ.

Во главната борба на настанот во Северна Каролина неговиот нов клупски другар Картис Блејдс се бори со Жуниор дош Сантос.

Денвер се наоѓа на надморска височина од една копнена милја (1609 m), и затоа е познат како Град висок милја (The Mile-High City).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО