Стошиќ: Ми помогнаа спаринзите со Кро Кап (ВИДЕО)

Дарко Стошиќ (13-1, 1-0, УФЦ) не можеше да посака подобaр почеток на кариерата во УФЦ.

Српскиот полутешкаш во Хамбург во првата рунда го нокаутира Американецот Џереми Кимбал.

„Мојата прва борба, прва победа. Сакам да бидам овде, ова е мојот сон“, рече Стошиќ на новинарите по борбата.

„Тој речиси заспа по првиот удар, после лесно го завршив“.

„Не ја чувствував нервозата. Во борба секогаш влегувам опуштен. Имам вербаво себе. Имав добри подготовки со Мирко Филиповиќ и Стипе Дрвиш и со мојот тим во Србија Сакам да бидам број 1. Сакам да ја испишам историја за мојот народ и за мојата земја. Не сакам никого да прозивам. Само сум почетокот и се уште нема да говорам за големи работи“.

Новинарите ги интересираше колкаво влијание на неговата изведба имале подготовките со Кро Кап.

„Мирко е легенда и мојот добар пријател. Сакам да му се заблагодарам. Тој е силен тип и легенда, спаринзите со него ми помогнаа“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО