Стоп за боксот во Велика Британија

Британскиот одбор за контрола на боксот (BBBоfC) ги забрани сите „турнири и натпревари“ во овој спорт во јануари 2021 година. Оваа одлука е донесена во врска со зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 на Островот, пренесува badlefthook.com.

Оваа уредба доведе до одложување на две гала вечери што требаше да се одржат овој месец. Борбите меѓу Карим Гефри-Ли Мек Грегор и Давид Авенесјан-Џош Кели, кои се организирани и промовирани од МТК Глобал и Мечрум, нема да се одржат.

„Ја видов одлуката на БББоф Ц да ги одложи настаните во јануари во Велика Британија. Боксот повторно ќе почне во февруари. Се надеваме дека ќе биде во Велика Британија, но ќе продолжиме дури и да не е таму – безбедно и ќе го сториме она што е потребно! На сите борци – останете подготвени“, напиша Еди Херн на Твитер.

https://twitter.com/MTKGlobal/status/1345699377457885188?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1345699377457885188%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Fbokst-v-angliya-otnovo-spira%2F

По втор пат, овие две борби беа одложени поради пандемијата на коронавирусот. Во моментов единствените боксерски мечеви од големи размери кои остануваат потврдени за јануари се Сегреј Ковалев-Бектемир Меликузиев (30 јануари на ДАЗН) и Калеб Плант-Калеб Троа (30 јануари на ФОКС).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON