Столе Смилковски: Се концентрирав и ги победив Турчинот и Црногорецот!

Stole Smilkovski

Столе Смилковски имаше одлично издание на Балканското првенство за деца освојувајќи го златниот медал во борби во категоријата до 57 килограми за деца од 14 години

Смилковски првенството го почна силно, нанесувајќи му тежок пораз на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Дино Сараџан, од 9-0. Потоа го совлада Словенецот Јуринец Матевц со 4-0, а третото коло славеше со 1-0 над турскиот претставник Мухамет Јавуз. Во македонското полуфинале беше подобар од Лирим Емини 2-0. Македонско-црногорското финале заврши со 1-0 за Смилковски над Бојан Бошковиќ.

Zlatnite od Olmpik na BP

„Најтешко ми беше во борбите со Јавуз од Турција и во финалето со Црногорецот Бошковиќ. Но, се концнетрирав и ги победив“, вели Смилковски.

Инаку, Смилковски е член на КК Олимпик спорт од Скопје под раководство на тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски. Карате почнал да тренира во 2007 година.

Од идната година ќе затропа  на вратите на кадетската репрезентација, така што на дофат ќе му бидат и европските првенства.

„Сега се подготвувам за Светскиот куп во Умаг, Хрватска, кој се одржува од 29 јуни до 5 јули. Се надевам на успех и во Хрватска“, истакнува балканскиот шампион.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON