Вчера ЏК Дрим на Меѓународниот турнир „Патрида“ во Солун освои еден златен и еден сребрен медал со четири натперварувачи.
Анамарија Стојмиловска го освои златниот медал со четири победи од четири средби, а
на Стефан Попоски му припадна сребрениот со две победи и еден пораз.
Михаил Касниоски и Петар Дуноски не успеаа да се закитат со медали.
„Со овој натпревар ЏК Дрим – Струга ја започна натпреварувачката 2017 година, со надеж дека годинава ќе го надминат рекордот од 38 меѓународни натпревари во 2016 и ќе бидат уште поуспешни во 2017 година“, велат од клубот.
Ipon.mk/В.Д.