Виктор Стојанов овој месец требаше да има ММА борба во Виена, Австрија, но се одложи, а кај на с с епуштија гласини дека мора да оди на операција поради повреда. Стојанов за ipon.mk изјави дека тоа се шпекулации и дека борбата е одложена од страна на организаторот.
Тој деновиве направи фото сесија, со што го најави неговиот меч во Загреб во НФЦ, кој треба да с еодржи во септември.
-Најверојатно до крајот на годината, повторно, ќе настапам на ФФЦ. Моемнтално сум во преговори. Во меѓувреме имав мала пауза. Сега, почувам со тренинзи, а набрзо ќе ги почнам подготовките за борбата, – изјави Стојанов.
Тој од неодмана склучи договор за соработка со комапнијата во нашата земја за спортска опрема „Ранерс“.
-Многу им благодарам за соработката и се надевам дека ќе трае долго, – исткана Виктор.
ipon.mk/В.Д.