Поранешниот светски шампион во тешка категорија Бирмејн Стиворн се среќава со Александер Поветкин на 17 декември во Екатеринбург, Русија.
Дуелот е елиминација за произвевање на кандидат за титулата во верзија на ВБЦ, која е во сопственост на Дионтеј Вајлдер – боксерот против кого Стиворн го зауби појасот.
Стиворн изјави дека планира порано да ја заврши средбата со Русинот, а потоа да го насочи вниманието кон „Бронзениот бомбардер“. Сепак, посочи дека е подготвен физички и за подолг меч.
„Работев на издржливоста. Требаше да дотурам уште гориво во резервоарот. Мислам дека добив. Со моите тренери го исполнивме планот. Сега имам доволно сила за 12 рунди. Но, како што реков претходно, не планирам да се борам 12 рунди. Планирам да го завршам натпреварот порано. Знам дека Поветкин е талентиран боксер и дека треба да бидам подготвен на сè“.
„Имам една голема цел – повторно да се качам во рингот против Вајлдер. Дури не ме интересира толку титулата, само сакам уште еден меч со него. Се уште не можам да го прифатам поразот од него. Бев надвор од форма, но за реваншот сум му подготвил нешто. Сега целта ми е да го победам Поветкин, а мислам само на оваа средба. Го прелетав целиот свет и не дојдов да загубам“.