Светскиот шампион во три дивизии Шакур Стивенсон (26) изјави дека ќе се врати во рингот ова лето. Актуелниот шампион на ВБЦ во лесна категорија го објави ова само неколку недели откако објави дека се повлекува од боксот.
„Ќе боксирам со секого, тоа го правам. Се гледаме во јуни“, напиша американскиот боксер на социјалните мрежи.
Стивенсон на крајот на јануари на социјалните мрежи напиша дека се повлекува од боксот, очигледно незадоволен што не може да организира борби против Васил Ломаченко или Емануел Наварете.