Стипе Миочиќ жестоко се подготвува за претстојната борба против Џон Џонс (ВИДЕО)

Најголемиот УФЦ тешкаш во историјата, Стипе Миочиќ, ќе се врати во октагонот на 16 ноември во Медисон сквер гарден во меч против шампионот Џон Џонс.

За американскиот борец со хрватски корени тоа ќе биде прва борба по повеќе од три и пол години пауза по поразот од Френсис Нгану, кога остана без титула.

Стипе пред еден месец го прослави својот 42 роденден, а ова веројатно би можело да биде негов проштален меч за големата кариера во која досега има 20 победи (15 нокаути), а има и четири порази.

Два пати го освои појасот на УФЦ во тешка категорија и четири пати успешно го одбрани, што го става на самиот врв на кралската дивизија на најголемата светска ММА промоција.

И во новиот обид за освојување на титулата Миочиќ напорно се подготвува. Тој сака да биде максимално подготвен за настапот на УФЦ 309 во Њујорк.

Тој на социјалните мрежи објави неколку видеа од својот тренинг…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stipe Miocic (@stipemiocic)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON