Едно од најголемите пресметки на сите времиња се одржа во Лас Вегас.
По 25 минути одлична борба, бодовните судии два пати пресудија 49-46 и еднаш 48:47 во корист на Стипе Миочиќ, кој остана шампион во тешка категорија на УФЦ!
Кормиер се фалеше дека ќе ја искористи борбата и ќе форсира борба на партер, но тоа не се случи. Разменија брутални удари и на крајот од првата рунда Кормиер успеа да го здрма Миочиќ, но шампионот остана на нозе. Во таа рунда Кормиер му брцна во окото на Миочиќ, кој беше прегледан од лекар, и продолжи да се бори.
Во втората рунда Стипе ја презеде иницијативата и на крајот од рундата беше близу до победа со нокаут. Стипе му зададе многу тешки удари на Кормиер кој падна на партер, но сирената го спаси. Силната размена на удари продолжи и во другите три рунди. Стипе успеа да ги сопре нападите на Кормиер за рушење. На крајот од третата рунда Стипе му брцна во окото на Кормиер, па се пожали на судијата, а на паузата рече дека не гледа ништо. Сепак, поранешниот двоен шампион продолжи да се бори до крај.
Средбата стигна до судиска одлука која беше едногласна во корист на шампионот – (49-46, 49-46, 48-47). Така, ривалството меѓу нив заврши во корист на Миочиќ, кој влезе во серија од две последователни победи и сега ќе мора да прави реванш меч против Френсис Нгану. Кормиер не беше задоволен од одлуката и влезе во серија од два последователни порази. Ова е веројатно неговата последна борба во ММА.
https://www.instagram.com/p/CD8BT2_lXDb/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CD8ByvljhC0/?utm_source=ig_embed
УФЦ 252 – Резултати
Марлон Вера – Шон О’Мели – ТКО (Р1, 4:40)
Жаирзињо Розенструик – Жуниор дош Сантош – КО (Р2, 3:47)
Даниел Пинеда – Херберт Барнс – ТКО (Р2 4:37)
Мераб Давалишвили – Џон Додсон – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Винч Пихел – Џим Милер – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-27)
Вирна Јандироба def. Фелис Хериг – принудно предавање (Р1 1:44)
Даниел Чавез деф. TJ Brown – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Ливија Рената Соуза – Ешли Јодер (едногласна одлука) (29-28, 29-28, 30-27)
Крис Даукаус – Паркер Портер – ТКО (Р1 4:28)
Каи Камака III – Тони Кели – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
https://www.youtube.com/watch?v=j3CP6AatmCw&feature=emb_logo