Стипе Миочиќ, поранешен светски шампион во тешка категорија на УФЦ, официјално беше примен во Меѓународната Kуќа на славните во 2022 година.
Друштво во класата 2022 му прават Шенон Кнап од Инвикта ФЦ, Барт Вотсон, боксерски менаџер и ММА координатор, Рон Ван Клиф, петкратен светски шампион во карате, Вини Пасиенза, петкратен светски шампион во бокс, Френк Шамрок, четирикратен шампион на УФЦ во средна категорија и принцот Гариос – актер и хуманитарец.
Веста ја објави самиот борец на социјалните мрежи, додавајќи фотографии од официјалната церемонија.
„Ми беше чест да бидам вклучен во класата на Меѓународната спортска куќа на славните во 2022 година минатиот викенд. Благодарен сум што бев вклучен во таква исклучителна група. Голема благодарност до доктор Роберт Голдман и Ферфакс Хакли за овој неверојатен викенд“, напиша борецот на својот Инстаграм профил.
Стипе Миочиќ е американски борец со хрватско потекло. Тој е и пожарникар-болничар. Миочиќ е поранешен светски шампион на УФЦ во тешка категорија. Тој двапати стана број 1 во оваа категорија, а исто така три пати успешно ја бранеше титулата. Се смета за најдобар бел ММА борец во тешка категорија во историјата на најпознатиот ММА синџир во светот.
Потсетуваме, Стипе Миочиќ ја загуби титулата на крајот на март 2021 година откако беше нокутиран во втората рунда од Френсис Нгану во главниот меч на УФЦ 260.
Првиот меѓусебен меч заврши со победа на Миочиќ со едногласна одлука во 2018 година.
Пред пресметката со Нгану, Миочиќ беше непоразен од 2018 година, кога последен пат загуби од Даниел Кормиер, а потоа двапати го победи поранешниот двоен шампион на УФЦ.
На крајот на мај 2021 година, Стипе Миочиќ побара реванш за титулата со Нгану, но се уште нема изгледи за таков.
Миочиќ во професионалната ММА кариера има биланс од 20 победи и 4 порази. На 15 средби победи пред официјалниот крај (сите со нокаут). Поразите се од Стефан Струве, Жуниор дош Сантос, Даниел Кормиер и Френсис Нгану.