Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ е лут на коментарот што го прочита на социјалните мрежи. 38-годишниот ветеран бил нападнат од воин со тастатура кој го критикува затоа што прави само една борба годишно. Во последните скоро 4 години, Миочиќ имаше само 4 борби во кафезот, од кои победи во 4, а загуби во една со ноикаут од Даниел Кормиер.
Во неговите последни 3 борби, Миочиќ направи 3 пресметки со Даниел Кормиер, а во две од нив победи. За жал, тешката категорија не се разви во последните неколку години, поради трилогијата меѓу нив и тоа иритира многу навивачи и борци. Но, тоа може да се промени во март, кога Миочиќ ќе има реванш со Френсис Нгану, кој е убеден дека ќе го симне од тронот.
И додека Стипе се подготвува да ја брани титулата, ѕверовите зад тастатурите не спијат.
„Да, капетане! Ќе се фатам за работа. Батка, не сакам да си имама работа со тебе. Ти ми изгледаш навистина како закоравен воин на тастатура“, напиша Миочиќ како одговор на критиките дека се бори еднаш годишно.