Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој ја загуби титулата по поразот од Френсис Нгану, очекува пресметката со камерунскиот гигант да ја претвори во трилогија.
„Се чувствував добро. Му ја дадов првата рунда, но не се грижев за тоа, бидејќи тој е секогаш посилен во првата рунда. Па го оставив да дише малку. Тој сè уште беше во добра форма, но не се грижев затоа што имавме четири рунди пред нас. Потоа го фатив со десната рака, се двоумев за дел од секундата, а тој ме фати со тоа кроше. Што можев да направам – гадно е“, рече Миочиќ.
„Сакам да го вратам она што ми припаѓа мене. Во моментов се обидувам да качам до 102 килограми. Во последната битка имав 94 – тежината едноставно исчезна поради тренингот. Сега се обидувам да добијам малку тежина. Како што реков, се чувствував добро во битката, но 20 килограми ќе помогнат и ќе се чувствувам многу посилно. Френсис е голем фраер“, додаде поранешниот шампион.
Да потсетиме, во април 2018 година, Стипе Миочиќ успешно ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ, со едногласна одлука по пет рунди го совлада Френсис Нгану, а пред еден месец во реваншот предвреме загуби од „Предаторот“, откако беше поразен со нокаут во втората рунда.