Пред неколку дена и официјално беше потврдено дека Стипе Миочиќ ќе се бори со Џон Џонс за титулата шампион на УФЦ во тешка категорија.
Борбата меѓу најголемиот тешкаш во историјата на промоцијата и еден од најдобрите ММА борци на сите времиња ќе се одржи на 16 ноември во Медисон сквер гарден.
Американскиот борец со хрватски корени, кој неодамна го прослави својот 42 роденден, последната борба ја имаше во март 2021 година, кога со нокаут во втората рунда загуби од Френсис Нгану.
А Боунс во последениот меч минатиот март го победи Сирил Гане со гилотина во првата рунда и ја освои титулата шампион на УФЦ во тешка категорија.
Многумина се прашуваат во каква форма е Стипе, бидејќи не се борел повеќе од три и пол години.
Иако подолго време беше надвор од октагонот, Стипе не пропушти да тренира, а нема сомнеж дека последниве месеци почесто ја посетува салата.
Од време на време на социјалните мрежи објавува видео од салата, а тоа го направи неодамна. А како изгледа Стипе на тренинг погледнете во видеото:
View this post on Instagram