Стипе Миочиќ: Масивноста не означува сила

Шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ веќе почна со тренинзи.

38-годишниот ветеран ја одбрани титулата со победата над Даниел Кормиер пред 10 дена, ставајќи крај на нивниот  ривалитет. Стипе ја доби трилогијата и се етаблира како еден од најголемите во историјата на тешката категорија во ММА. Шампионот влезе во серија од две последователни победи и изгуби само 1 од последните 9 битки.

Миочиќ има 15 победи со нокаут и најверојатно ќе се соочи со Френсис Нгану во неговиот следен меч. Тој и Камерунецот се бореа пред две години и на таа средба Миочиќ му одржа предавање и со одлука на судиите го одбрани појасот. На социјалните мрежи, Стипе објави фотографија од својот тренинг.

„Правило број 1, не го пропуштајте понеделникот. Ретко ќе ме видите да користам машина за време на тренингот. Функционален тренинг, брзина и рамнотежата се името на спортот! Одржувањето на овој елемент на нестабилност е вистината.

Масата не е еднаква на силата, тоа е ефективноста на мускулатурата. Тренирајте го вашето тело да стане машина“, напиша Миочиќ.

https://www.instagram.com/p/CERqkzbJvyf/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON