Стипе Миочиќ: Го победувам Џонс, а потоа одам против Аспинал

Двократниот шампион на УФЦ во тешка категорија Стипе Миочиќ се обрати кон привремениот шампион во дивизијата, Том Аспинал.

Во последно време Аспинал постојано ја критикува борбата меѓу Миочиќ и Џон Џонс. Да потсетиме дека Џонс и Миочиќ требаше да се борат минатата година, но борбата пропадна по повредата на Џон. Сега Миочиќ е принуден да го чека сонародникот, кој е на операција и ќе отсуствува во следните 4-5 месеци.

Ова не му одговара на Аспинал, кој верува дека треба да се бори со Џонс, а не со Миочиќ. Стипе на социјалните мрежи изјави дека не сака борбата со Џонс да биде одложена. Тој се закани дека ќе го победи Џон, а потоа ќе се соочи со Аспинал за да ги обедини титулите.

„Никогаш не притискав за одложување на борбата со Џонс. Том, штом ќе го победам Џон, јас и ти ќе разговараме за обединување на појасите“, напиша Миочиќ на X (поранешен Твитер).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON