Со победата над Марк Хант, Стипе Миочиќ потврди дека му припаѓа на врвот во тешка категорија на УФЦ, а гостувајќи кај Ариел Хелвани во последното издание на ММА Час уште еднаш потврди дека е подготвен да ја нападне титулата.
Миочиќ потврди дека неговиот менаџер веќе има направено некои разговори со лидерите на УФЦ за можниот напад на титулата.
„Мојот менаџер имаше некои мали разговори, но ништо посебно. Ќе видиме што ќе се случи. Го победив петиот на листата и чувствувам дека заслужувам шанса. Покажав каде ми е местото. Го покажав тоа и во борбата против Жуниор дош Сантош, иако загубив. Два пати имав меч со пет рунди и сакам борба за титулата“, рече Стипе Миочиќ.
Зборуваше и за стекнатото искуство тренирајќи со Мирко Филиповиќ, при што нагласи дека никогаш не би се борел со него.
„Јас не би се борел против Кро Кап, па, дури, да е во прашање и меш за шампионската титула“.