Стипе Миочиќ по победата на Кормиер против Луис

УФЦ шампионот во полутешка категорија Даниел Кормиер успеа да го нокаутира Стипе Миочиќ уште во првата рунда на нивната средба во тешка категорија на УФЦ 226. Миочиќ уште оттогаш зборува за реванш меч.

Кормиер во текот на викендот успеа да ја одбрани титулата во тешка категорија против Дерик Луис. Во едно неодамнешно интервју Стипе одлучи да ги изнесе своите ставови за последната средба со Кормиер.

„Да, го гледав мечот, го видов како победи некого со неколку следнебици на Инстаграм и една рака“.

„Предложив да се сретнам со ДК на таа фајт-карта, но тој ја одби борбата. Ми рекоа дека не бил слободен и точно една недела подоцна го видов против Луис. Не ми беше пријатно да ја гледам средбата – требаше јас да се борам со него. Има толку многу луѓе кои никогаш не бранеле титула, а добиваат реванш. Јас ја одбранив три пати, во супердвубој, и покрај тоа немам право на реванш“ ?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON