Најголемата ММА организација во светот УФЦ официјално на својот твитер профил потврди дека мечот за титулата во тешка категорија меѓу Фабрицио Вердум и Стипе Миочиќ ќе се одржи на 14 мај во Бразил.
Првично, шампионот „Ваи Кавало“ требаше да се соочи со поранешниот шампион Каин Веласкез во реванш меч. Но, поради повреда на Мексиканецот, средбата беше откажана.
Миочиќ последен што го победи е Андреј Арловски, со ТКО во јануари, а пред тоа буквално го прегази Марк Хант во месец мај 2015 година. Миочиќ (33 г.) е со пет победи од последните шест дуели и пораз од Жуниор дош Сантош.