Стеван Живковиќ го победи ракот на бубрегот и ја заврши боречката кариера

Stevan-Živković

Најдобриот српски кикбоксер, Стеван Живковиќ, последниве неколку месеци не беше пристутен во јавноста, но тоа беше затоа што тој ја водеше најважната борба во животот. Тој, до сега најтешкиот противник, успешно го совлада „во првата рунда“, по што ја заврши својата кариера.

Имено, на Живковиќ во почетокот на оваа година му беше дијагностициран малиген карцином на бубрезите, по што беше подложен на третман, кој на крајот доведе до операција и отстранување на целиот бубрег, бидејќи туморот бил премногу агресивен, па не можел да се отстрани на друг начин. Таа беше успешна, клетките на ракот се целосно отстранети, а Стеван не мора да се подложи на хемотерапија.

Нешто повеќе за тоа денес рече и самиот Стеван, кој по победата во мечот на животот најави пензионирање од натпреварувачкиот дел на овој спорт. На пријателите и обожавателите се обрати со објава на Фејсбук:

“Ви благодарам на сите за поддршката и дискрецијата. Тоа беше мојата финална борба, за крај на кариерата. Сè се помина како што треба и во овој меч победив уште во првата рунда. И благодарам на сите мои пријатели и обожаватели кои од срце ме бодреа во текот блескавата кариера. Време е да се ипробам како тренер и да се направам нови шампиони во мојот клуб Наисус“.

Стеван ќе биде запаметен како срдечен и атрактивен борец кој секогаш ги придобиваше навивачите на своја страна, каде и да се бореше, па така стана многу популарна во сите земји од регионот. Беше една од најголемите кик бокс ѕвезди на ФФЦ. Во нивниот ринг настапи шест пати, постигнувајќи по три победи и порази. Една од тие победи е против Миро Фабјан, за кој и ден-денес се зборува како еден од најдобрите мечеви на оваа промоција, а уште еден фантастичен меч одработи против Шкодран Весели, но, за жал, го загуби. Долго ќе се памети и голем пресврт против Хенри Банрет, есенва во Линц. Голема желба беше реванчот против Фабјан, со кој во меѓувреме стана голем пријател, но до него нема да дојде, иако датумот веќе беше договорен – 14 март.

Со 28 години се уште имаше доволно простор да направи големи работи, но, всушност, најголемата работа ја направи, победи во борбата за сопствениот живот, а тоа го можат само вистинските борци и шампионите. Според неофицијалните податоци, во аматерската и во професионалната кариера има постигнато 116 победи и 33 порази, а круна на неговата кариера неговите освојувања ВАКО европска титула минатата година во својот Ниш.

Ипон.мк му честита за оваа голема победа и му посакуваме среќа и успех во новиот животен повик, тренерската кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON