Ако е Сејџ Норткат на стероиди, тогаш е очигледно дека почнал да ги користи уште во пелени.
Најмладиот член на списокот на УФЦ, 20-годишниот „Супер“ Сејџ Норткат ги маѓепса, а некои љубоморни и ги налути, со неговото речиси совршено извајано тело. Всушност, тешко е да се поверува дека овој карате мајстор својата завидна мускулатура ја должи исклучивона вежбање и правилна исхрана, но со оглед на оваа слика која ја објави преку социјалните мрежи, се чини дека Сејџ знае за што зборува.
Имено, борецот од Тексас на сликата има само седум години.