Стерлинг ја спореди борбата со Дилашоу со Роки-Драго

Актуелниот шампион на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг (21-3) е убеден дека поранешниот шампион Ти Џеј Дилашоу (17-4) користел недозволени супстанци за да се подготви за нивната борба. Тие се среќаваат на УФЦ 280 на 22 октомври во Абу Даби.

Суспензијата на Дилашоу истече минатата година откако беше суспендиран од УСАДА. Ти Џеј прибегна кон забранети супстанции за неговата борба со Хенри Сехудо во јануари 2019 година. Доби 2 години суспензија од УСАДА и призна дека користел хемикалии.

Ти Џеј тврди дека сега е чист, но Стерлинг не му верува.

„УСАДА не ме посети околу еден месец. Не знам дали ја посетуваат оваа будала. Се подготвувам знаејќи дека оваа личност најверојатно не се подготвува под еднакви услови со мене.

Ти Џеј и неговите тренери ја користат лабораторијата.

Оваа битка ќе биде слична на Роки 4: Роки-Драго. Ќе тренирам во шума, а тој во лабораторија. Има разлика меѓу нас“, изјави Стерлинг за Сириус ХМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TJ Dillashaw (@tjdillashaw)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON