Се приближува датумот за ММА настанот во Велес од серијата Сикст фајт најт што ќе се одржи на 24 октомври. Веруваме дека спортската сала во Велес ќе биде исполнета до последното место.
Борците на ММА клубот „Будо“ со огромна енергија и желба се подготвуваат за овие средби во кафезот, зашто ќе настапуваат пред домашната публика, а се очекува да ја има како во времето на РК Борец и ОК Борец, неколку илјади. Велат дека се максимално сконцентриарни и дека тренираат напорно со своите спаринг партнери. Во кафезот ќе дадат се од себе за да се прикажат во најдобро светло пред својата публика,односно дека и срцето ќе го остават во кафезот.
Дејан Трајковски досега има 2 профи борби и 3 аматерски, а сума-сумарум пет победи. Тој ќе се бори против Ведин Исламовиќ во категоријата до 77 килограми. Златко Петровски има една профи борба, во која тој излезе како победник. Негов противник е АладинОсманчевиќ, во ситата категорија како и Трајковски.
Дејан Сетфановски може да се рече дека има поголемо искуство, барем според тежината на борбите и турнирите. На 24 октомври тој ќе се бори против Јасмин Вршкиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 80 кг.
„Конечно пред моја публика! Да ја поправам лошата победа во Сплит! Едвај чекам“, вака регаираше неодамна Стефановски!
Тој пред две недели во Сплит на Сикст фајт најт 2 ја извојува втората победа по ред, откако претходно тоа го направи и во Никшиќ во Црна Гора.
Од друга страна српскиот ММА борец, Душан Џакиќ, кој е многу популарен во регионот и важи за ѕвезда на овој спорт, ја најави дека неговата следна борба е во Велес и тоа против Илија Андов.
Тој за Андов рече: „Силен борец! Не сакам многу да прогнозирам. Ракавиците се мали, гостински терен, а на „Ангелот на војната“ статистиката многу не му значи, бидејќи војната е непредвидливата убавина на животот. Единствено што ме радува во животот е тоа што повторно ќе се најдам очи в очи со некого кој сака да ми ја откине главата“!
ipon.mk/В.Д.