Дејан Стефановски извојува победа на ММА турнирот „Никшиќ фајтинг чемпиошип“ во Црна Гора, што се одржа синоќа. Стефановски беше подбар од Србинот Јанковиќ.
Виктор Нестороски од Максам фајт од Прилеп и во категоријата до 70 кг и против домашниот натпреварувач Андрија Спасојевиќ загуби, но пред се поради уморот, бидејќи од пат отиде директно на борба.
На Нестороски, му беше втора борба, а прва во кафез, што на некој начин влијаеше на него. Во Бања Лука, Република Српска во Босна и Херцеговина извојува победа.
Ангелески беше поразен од Богдановиќ.
Од Максам фајт истакнуваат дека Нестороски одлично се борел.
-Искуството, психичкиот момент на кафезот, заморот од долгото патување, се причините поради кои го изгуби мечот. Едно искуство повеќе. Сепак, му честитаме на победникот, – велат од штабот на Нестороски.
ipon.mk/В.Д.