Дејан Стефаноски синоќа го совлада Французинот Максимилијан Шлатер, во полутешка категорија -93 кг на ММА настанот на СММАЦ 4 (SMMAC 4) „Тејковер“ во Базел, Швајцарија.
Стефаноски имаше проблеми на мерењето, односно тој беше подложен на сите проверки, додека неговиот противник не се појави, а тоа беше толерирано од организаторот.
Сепак, икао Максимилјан беше 6 килограми потежок, Сетфаноски се издигна над сите потешкотии и го совлада.
По победата стигна и понудата на 29 октомври да се бори за појас во Германија.
Ipon.mk/В.Д.