Стефан Пецевски и во најтешката, а воедно и најатрактивната категорија – апсолутна освои бронзен медал на Меѓународниот БЏЏ турнир „Минхен опен 2016“ во Германија.
Пецевски имаше две победи во апсолутна категорија. Ова е негов втор медал денеска, откако претпладне го освои сребрениот медал во категоријата на сини појаси.
„На крајот на денот сме здоволни од освоеното. И на ваков силен мегјународен турнир се гледа дека имаме голем потенцијал и квалитетна БЏЏ школа“, изјави тренерот на БЏЏ Рутс Македонија, Ивица Алексовски.
Ipon.mk/В.Д.