Стефан Михајловски стартуваше со победа на на Европското кик бокс сениорско првенство во Анталија, Турција. Михајловски славеше со 2-0 против Аласгар Бахишов од Азербејџан.
Ако во четвртфиналето го совлада Блаж Поточник од Словенија ќе се пласира во полуфиналето и ќе обезбеди бронзен медал.
Марко Тодоров загуби од Французинот Алексис Сотрон со 1-2, додека Марко Горневски се бори нешто подоцна.
На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.
Резултати Европско првенство:
Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Бохдан Скитник (Украина)/ Алесандро Капуто (Италија) ¼ финале
-86 кг
Бобан Илиовски – Мартин Лоренц (Чешка)
Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) ¼ финале
-69 кг
Марко Горневски – Славомир Малик (Полска)
-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција)
+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан) 2-0
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) ¼ финале
K-1
-67 кг
Марко Тодоров – Алексис Сотрон (Франција) 1-2