Сташо Глигоров со свој труд на Меѓународна конфернција за борењето

Од денеска до 7 мај во Нови Сад, Србија, се одржува Меѓународна научна и стручна конференција за борење, под покровителство на Обединетото светско борење (ОБС/UWW), Меѓународната мрежа на истражувачи во борење (INWR) и Меѓународната асоцијација за спорт кинетика (IASK).

На конференцијата со свој труд ќе учествува и д-р Страшо Глигоров, спортски директор на Федерацијата на боречките спортови на Македонија (ФБСМ). Тој ќе го презентира стручниот труд: „Преглед на истражувањата на базичниот и ситуационен моторен простор на борачи слободен стил реализирани во Република Македонија“.

Конференцијата е во организација на Факултетот за кинезиологија (Универзитетот во Загреб, Хрватска) и Факултетот за спорт и физичко образование на Универзитетот во Нови Сад, за време на Европското првенство во борење, кои се одржува во овој град.

Програмата на конференцијата вклучуваат усни и постер презентации, теоретски и практични предавања, како и тркалезна маса. Со свои трудови, презентации ќе имаат познати врвни научни и стручни истражувачи во областа на борењето (проф. д-р Влодзимиерс Староста (Полска), д-р Дејвид Кирби (САД), д-р Тибор Барна (Унгарија), pроф. Бахман Мирзаеи, (Иран), д-р Јоанис Барбас (Грција), проф. д-р Марио Баиќ (Хрватска), проф. д-р Горан Гасум (Србија) и многу други врвни научни и стручни кадри од Европа и светот.

Сите поднесени апстракти и трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови на Конференцијата.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON