Во Битола стартуваше Првата и Младинската бокс лига, повеќе борби завршија во првата рунда (ФОТО)

Во Битола денеска се одржа првото коло на Првата и Младинската бокс лига пред полни трибини во спортската сала Младост, околу 3000 гледачи.

Се на се имаше десет парови во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција. Од друга страна, многу борби завршија во првата рунда, а Кире Јаневски заработи нокаут од Денис Муаремовски.

Освежување на Лигата се боксерите на Пелистер 2007 и на Тигар МБМ од Делчево, кои пред се се искусни кикбоксери. Јордан Мијалков се појави со повеќе боксери, но е забележливо отсуството или неспарувањето на боксерите на Чаир и Шкупи.

За очекување беше почетокот на Лигата да има повеќе парови, иако од оправдани причини отсуствуваат репрезентативците Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама, кои се подготвуваат за Европското првенство во У-22 во Романија кон креајот на месецот и почетокот на април.

Следното коло е во Штип.

Резултати
Кадети
-54 кг Ѓоше Ѓошев (Пинк Пантер) – Елес Асанов (Баргала) 3-0
-60 кг Благојче Мицевски (Баргала) – Лазар Здјелар (Јордан Мијалков) 3-0
-63 кг Трајче Илиоски (Ас) – Ибрахим Алија (Шкендија бокс) 2-0 (ТКО, 1Р)

Јуниори
-75 кг Тодор Конески (Јордан Мијалков) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 0-3
-81 кг Петар Марковски (Пелистер 2007) – Леонрадо Исмаил (Тернипе) 3-0

Сениори
-64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Денис Муаремовски (Пелистер 2007) 0-2 (КО, 1Р)
-69 кг Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) – Англечо Мицевски (Тигар МБМ) 2-1
-75 кг Игор Атанасовски (Тигар МБМ) – Октај Фератов (Борец) 0-3
-81 кг Димитар Тасевски (Ас) – Борче Ивановски (Тигар МБМ) 0-2 (ТКО, 1 Р)
-91 кг Момаер Учар (Борец) – Александар Најдовски (Пелистер 2007) 0-2 (ТКО, 2Р)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON