38- годишниот ММА борец Саша Перкиќ и подлегна на повредите нанесени со нож во САД, каде што живееше и работеше.
Со наслов „Српскиот воин избоден со нож“, неколку портали во САД известија за настанот, без притоа да наведат како дошло до инцидентот и зошто е убиен.
Заедно со информацијата за неговата трагична смрт, медиумите потсетиле на инцидент од 2017 година, кога, иако добил десет убоди, го претепа крадецот кој се обидел да му ја украде колата. Потоа крадецот бил приведен откако полицијата дошла до него преку крвта која останала на тупаниците на Перкиќ.
Починатиот „Српски воин“ во професионалната ММА кариера имал четири борби во кои остварил три победи.