Доминик Рејес и Јиржи Прохаска добиваат втора шанса да се натпреваруваат во кафезот на УФЦ. Тие требаше да се борат на крајот на минатиот месец, но тогаш нивната средба пропадна поради Рејес.
Сега УФЦ им дава ново шанса, ќе се борат во полутешка категорија на 1 мај. Со голема победа на Прохаска, Дана Вајт може да му даде шанса за титулата.
Јиржи има учинок 27-3-1 во ММА и е во серија од 11 последователни победи. Тој е поранешен шампион на Ризин и заврши 26 од натпреварите. Јиржи паѓа со принуда на три од поразите и секогаш дава максимум во кафезот. Пред една година дебитираше за УФЦ со нокаут над Оздемир.
Рејес, пак, има учинок од 12-2 во ММА и е во серија од 2 последователни порази. Во борбите за титулата загуби од Џон Џонс и Јан Блахович. Доминик заврши 9 од противниците, а доколку го направи 3-от последователен пораз ќе се приближи до излез од УФЦ.