Средба на најуспешните штипски борачи – Зоран Шоров и Благој Петров (ФОТО)

Вчера во Штип имаше неочекувана средба на двајца познати спортски великани- Зоран Шоров и Благој Петров, 20 години неприкосновениот борач во грчко-римски стил.

Резултатите на Зоран Шоров се познати- учествуваше на три олимпијади, освои две медали на европските сениорски првенства, сребрен и бронзен. Благој Петров го познаваат повозрасните штипјани и борачи во Македонија.И тој беше борач на Балканец во периодот од 1968-70 година од минатиот век, кога Балканец се натпреваруваше во лигите на СФРЈ во слободен и грчко римски стил.

Во Македонија, Благој Петров немаше конкуренција. Неговите квалитети ги „намирисаа“ од Гавриловиќ- Петриње, Хрватска. Се бореше Петров, во тој момент, најсилната екипа во СФРЈ во грчко римски-стил. И победуваше. Петпати Гавриловиќ стана шампион на СФРЈ, а Петров поединечен државен првак на СФРЈ- 20 пати. Немаше конкуренција во СФРЈ. Но, војната си го направи своето. Благој Петров замина во Швајцарија, а потоа и во Австралија, каде што беше тренер на оваа репрезентација.

„Годините брзо минуваат,- вели сега 67 годишниот Петров, имав убави спомени од Балканец, Гавриловиќ, Австралија. Пред 3-4 години го посетив Штип, сега пак. Во Хрватска не бев повеќе од 20 години. Сега доаѓам оттаму. Се видов со многу мои пријатели.Во Штип ќе останам 2-3 дена и, пак, заминувам во Австралија. Зоран Шоров за мене е најуспешниот спортист во Македонија. Штета, јас заминав во Гавриловиќ, кога Шоров почна да „жнее“ успеси. Среќен сум што се видов со еден великан каков што е Шоров, но и со еден новинар кој постојано ги поддржува и афирмира спортистите“, рече Благој Петров.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON