Сребро за војводата Петар Арсовски на Купот на Бугарија во рамноправна борба (ФОТО)

Младиот македонски боксер кој е член на БК Локомотив од Софија на Купот на Бугарија – прв круг во Петрич го освои сребрениот медал во категоријата до 38,5 килограми за ученици. Во едно возбудливо финале Арсовски беше поразен со поделена одлука на судиите против најсилниот бугарски боксер во оваа категорија Кирил Јорданов од Бугарија, што за познавачите на боксот е рамен на победа на неутрален терен.

И двајцата прикажале одличен бокс на воодушевување на публиката.

На патот до финалето поранешниот боксер на Аперкат од Скопје, Петар Арсовски, совлада тројца боксери на Купот што се одржа изминатиов викенд. Петар ги победи: Манчо Методиев (ЦСКА) 3-0, Зејхат Седалов (Светк) со ТКО во Р3 и Борис Владимиров (Перник) 3-0, пораз од Јорданов 1-2.

Задоволство во Локомотив од освоениот сребрен медал го искажаа со Фејсбук статусот на нивната страница: „Сребрен медал и рамноправно издание во машко финале. Тој е вистински војвода“.

Ова е генерална проба за нашиот репрезентативец за Европското првенство во Грузија во август. Во периодот што следи ќе се подготвува за ЕП и може да настапи на уште еден турнир.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО