Петар Лозановски од КБК Енерџи го освои сребрениот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Бугарија опен“ во Козлудуј.
Лозановски медалот го освои во лоу кик за момчиња од 11-12 година до 45 кг. Тој во финалето загуби на поени од Хајрудин Џозгуц од Црна Гора.
Денеска на борилиштето ќе излезе и Марија Димовска.