Сребро за Манговска, бронзи за Симовска и Ристиќ на Балканскиот шампионат

Dragana Mangovska na Kroacija open vo rieka три медали за македонските каратисти на Балканското првенство за  кадети, јуниори и јуниори 21 во Дубровник, Хрватска. Драгана Манговска е вицешампион, а Симона Симовска и Христина Ристиќ се трети во своите категории.

Dragana Mangovska vtora na BP Dubrovnik

Манговска (-48 кг) во јуниорска конкуренција ги совлада Дајана Симуновиќ (БиХ) и  Инес Грдениќ (Хрватска) со по 3-0, а во финалето Србинката Славка Петровиќ беше убедлива со 6-0.

Ристиќ загуби во првата борба со 1-0 од Ивана Џорџевиќ (Србија), но поради тоа што се пласира во финалето ја повлече во репасажот каде што во борбата за бронзениот медал славеше над Алја Јусиќ (БиХ) на изјаснување, бидејќи борбата заврши 0-0.

Симовска имаше две борби кои завршија 0-0, а на изјаснување беше изедначено-победа и пораз. Во репасажот беше подобра од Стефани Кресиќ (БиХ) 1-0 и Дина Махмуд (БиХ) 5-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON