Прв смртен случај поради симнување на килограми пред меч

Jang pocinal

Доџо Dрифтер официјално јај потврди веста дека Јанг Џиан Бинг починал во болницата сан Хуан де Диос, Пасеј Сити.

Мечот меѓу Геже Еустакио и Јанг Џиан Бинг е откажан вчера пред мерењето, бидејќи Јанг добил компликации како последица на симнувањето на килограми. Се уште нема официјална изјава во врска со конкретната причина за компликациите.

Според направеното интервју со персоналот на болницата, Јанг пристигнал во болницата во 14:43 во четвртокот попладне, тогаш му е укажана и првата медицинска помош, бидејќи бил во несвест и не реагирал. Неколку пати се освестувал, но пулсот му запирал последователно. Во 24:06 денес, тој официјално е прогласен за мртов.

Медицинскиот персонал во болницата потврди дека Јанг умирел поради рабдомиолиза. Тоа е мускулно оштетување што ослободува мускулниот протеин во крвта. Често оваа состојба е резултат на намалување на килограмите.

Ова е првата смрт во MMA не само под логото на ONE Championship, но и во Азија и Филипините. Во главите на сите сега се појавува прашањето до колку всушност е безбедно драстичното намалување на килограми во MMA. Тоа е тема која не еднаш побуди доста дискусии.

Единствено, што сепак е редно да го направиме во овој момент, е да се помолиме за Јанг и да изразиме искрено сочувство кон неговите блиски. Нека почива во мир!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО