Второ место на Италијанскиот Светски куп на ВАКО во кик бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на КБК Предатор, информираа денеска од клубот. Натпреварот се одржа викендов во Италија.
Методиевски во финалето загуби од Чехот Тобијас Свачина 0-3 во кик лајт до 63 килограми за постари кадети.
До финалето данило извојува три победи против кикбоксери од Италија, Хрвастка и Чешка. Ова е највисок резултат за Данило и за клубот од Куманово.
„Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски, „Фрагмат“, „Блек вајпер сквад“, „Бучен Козјак“ и теретана „Чили џим“, велат од КБК „Предатор“.
Резултати
Данило Методиевски – Алесандро Бискоци (Италија) 3-0
Данило Методиевски – Себастијан Паватиќ (Хравтска) 3-0
Данило Методиевски – Матијас Пастарнак (Чешка) 0-0
Финале
Данило Методиевски – Тобијас Свачина (Чешка) 0-3