Реџеп Хајдари (-92 кг) славеше во финалето на Меѓунардониот турнир за млади борачи „Петко Сираков“ во Софија, Бугарија, против домашниот борач Ивајло Нанчев 3-1.
Претходно Хајдари извојува победи против Џино Дилберт од Хондурас и Божидар Тодоров од Бугарија.
Фати Вејсели (-70 кг) го освои бронзениот медал со победата над Нафтали Хоровиц од Израел. Вејсели забележа победи против Нроберт Молнос од Романија и Мохамед Сангариев од Франција, а загуби од Димитар Ангелов од Бугарија.
Резултати втор ден.
Фото: БФБ