Моќно враќање: УФЦ 261 распродаден за рекордно време

Дана Вајт им се заблагодари на приврзаниците за огромниот интерес за гала вечерта на УФЦ 261. Претседателот на најпопуларната ММА организација истакна дека настанот се распродал како топол леб за рекордно време.

Сите 15.000 места во салата Џексонвил ќе бидат пополнети.

Вајт известува дека ова ќе биде најголемиот приход од влезници на УФЦ до сега.

УФЦ 261 е предводен од Камару Усман и Хорхе Масвидал, кои ќе ги пречекаат навивачите кои се враќаат.

Ниту една гала на УФЦ во САД не е во јавност повеќе од една година.

Фановите се согласуваат да присуствуваат на настанот на сопствен ризик и строго да се придржуваат до сите мерки поврзани со Ковид-19.

Нема да има социјално растојание во салата и сите 15.000 места ќе бидат пополнети, што беше критикувано од медиумите во САД.

Досега, Џексонвил не бил домаќин на гала вечер со толку голем интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО