Денес каратистите на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево освоија 3 одличја – 1 сребрен и 2 бронзени медали.
Данка Стојкова освои сребрен медал во кати за јуниори, а Мила Панчева (-55 кг, У-21) и Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) се закитија со бронзи во борби. На Стојкова малку и фалеше да освои златен медал.
Македонија во кумите екипно за кадети е петта во женска конкуренција откако во борбата за броинзен медал загуби од Србија 1-2.
Штета, Стојановиќ ја загуби борбата од Гркот Петрос Стефанидис на нерешен резултат 1-1, но поради прв освоен поен грчкиот кратист отиде понатаму. Стефан во репасажот извојува две победи и освои бронза.
Македонија досега освои 12 медали – 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени и во купниот пласман е четврта, зад Босна и Херцегонива 22 (8-5-9), Турција 25 (6-5-14) и Србија 15 (5-3-7).
Резултати Балканско првенство:
Ката јуниори
Данка Стојкова – Елма Лисиновиќ (Словенија) 22,40-21,20
Данка Стојкова – Марија Асендеи (Романија) 22,80-20,90
Данка Стојкова – Катија Шегавиќ (Хравтска) 23,10-22,20
Данка Стојкова – Алдина Бахиќ (БиХ) 23,70-22,80
Финале
Данка Стојкова – Гордана Грбиќ (Србија) 23,00-23,20
У-21
-55 кг
Мила Панчева – Дора Резиќ (Хрватска) 0-3
Репасаж
Мила Панчева – Александра Николета Илие (Романија) 1-1
За бронза
Мила Панчева – Мубина Ресидбеговиќ (БиХ) 2-1
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Углеша Пејовиќ (Србија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Норик Халилосмани (БиХ) 6-0
Стефан Стојановиќ – Петрос Стефанидис (Грција) 1-1
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Умит Ерџан (Турција) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Душан Бијелиќ (Црна Гора) 4-2
Кумите кадети екипно
Македонија – Грција 2-1
Македонија – Кипар 1-0
Македонија – Хрватска 1-2
За бронза
Македонија – Србија 1-2